Ракометарите на Охрид во рамки на 19-то коло денес гостуваат кај Тинекс Пролет во Скопје. Овој меч е важен за „гладијаторите“ за рехабилитација по поразот од Е. Пелистер во дербито и задржување на чекорот со водечките на табелата.

Натпреварот се игра со почеток во 18 часот во салата „Македонско сонце“.

По 18 кола Охрид е четврти со 27 бода зад Алкалоид (34), Е. Пелистер (32) и Вардар (32).

OhridNews