Ракометарите на ГРК Охрид денеска пристигнаа во Турда, Романија,  каде во сабота против истоимениот домаќин ќе го одиграат реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп.

“Гладијаторите” попладнево го одржаа првиот тренинг. Се воигруваат тактичките замисли на стручниот штаб предводен од Стевче Алушовски, а се прават и анализи на играта на противникот.

На првиот натпревар одигран во Охрид нашиот претставник славеше со 6 гола разлика.

Г.М.

Фото: А. Момироска