ГРК Охрид денес го игра мечот на полусезоната во Супер лигата против Тиквеш, меч кој директно одлучува за 2 место во групата А. За „Гладијаторите” единствена опција е победа.

Треба да влеземе максимално фокусирани и со добра одбрана и максимално залагање од сите играчи да извојуваме победа. Ги повикувам охриѓани и навивачката група Рибари да дојдат во што поголем број да ни дадат поддршка и на крајот сите заедно да се радуваме на нова победа, вели голманот Даниел Ѓорѓески.

Со добра игра и поддршка од нашите навивачи се надевам дека бодовите од натпреварот со Тиквеш ќе останат во Охрид, вели пикерот Владимир Бојаниќ.

Екипата е подготвена, атмосферата во екипата е добра. Се надевам бодовите ќе останат во Охрид, додава Бојаниќ.

Дерби натпреварот во салата „Билјанини извори“ почнува во 18:30 часот.

Од НГ „Рибари“ информират дека на денешниот натпревар ќе бидат собрани донации за помош на член на НГ „Чкембари“ чија куќа беше опожарена.

На самиот влез пред трибина ќе биде поставена кутија за донации и сите собрани средства ќе бидат уплатени на трансакциската сметка за помош на членот на НГ Чкембари на кого му е потребна нашата помош, велат од НГ „Рибари“.

OhridNews