Со технички состанок и прв тренинг, Градскиот ракометен клуб Охрид, вечерва во салата „Билјанини извори“ ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во Супер лигата, во која „гладијаторите“ ќе играат во плеј-офот.
На првата прозивка беа и новите засилувања на клубот кои, според најавите на управата и стручниот штаб, ќе се комплетираат во наредните денови и со други имиња. Со нив Охрид цели далеку во плеј-офот, најавувајќи борба за врвот на табелата и, доколку се укаже можност, атак на местата кои водат во Европа.
ГРК Охрид во наредните пет недели интензивно ќе се подготвува за продолжението на првенството, период во кој ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари.
Г.М.