Покрај ангажман на нови засилувања, ГРК Охрид го продолжи договорот со петмина стандардни играчи, кои се обврзаа на верност кон клубот до 2026 година, со што продолжува градењето на силна екипа која ќе цели високо.
Капитенот Иван Тасески го продолжи договорот со клубот до 2026 година. Најголемиот талент и иднина на охридскиот ракомет, Никола Шипинкоски, го продолжи договорот со ГРК до 2026 година. Гал Цирар, најдобриот стрелец на ГРК Охрид, го продолжи договорот до 2026 година. МВП пивотот од претходната сезона, Владимир Бојаниќ, го продолжи договорот до 2026 година. Столбот на одбраната, Милорад Кукоски, го продолжи договорот до 2025 година, информираат од клубот.
ГРК Охрид во моментов е во Србија, каде ги одработува подготовките пред продолжувањето на сезоната во Супер лигата.
OhridNews