Под мотото “За здрави и среќни деца”, Градскиот ракометен клуб Охрид започнува со уписи на најмладите категории, на деца од 6 до 10 години.

ГРК Охрид врши уписи оваа сабота (15.10.2022) од 10:00 – 11:00 часот и недела (16.10.2022) од 09:30 – 10:00 часот во училишната сала Григор Прличев. – информира клубот.

Тренери на младите ракометни надежи ќе бидат: Александра Џамтоска, Наум Бабачев, Зоран Георгиески и Митко Мурџоски.

Членарина не се плаќа! Децата се наша иднина, а ГРК Охрид е едно големо семејство. – порачуваат од клубот.

Г.М.