Попладнево во Скопје РК Вардар го совлада ГРК Охрид со 38:30, полувреме 20:18 и закажа средба за пласман на завршниот турнир од Купот со подобриот во дуелот на аутсајдерите РК Јуниор КВ и РК Скопје.

Охрид добро го отвори натпреварот, поведе од пенал и беше во водство до 14 минута. Во еден период имаше и два разлика. По израмнувањето Вардар го презеде водството и почна да се одлепува. Во еден момент повцеде со 4 разлика (17:13). Но Охрид не се предаваше. Избраниците на Андоновски ја стегнаа одбраната и со серија погодоци намалија на само еден разлика 18:17. Вардар повика тајмаут, по кој направи серија од 2:0. Охрид успеа да намали и на полувреме се отиде со 20:18.

Во вториот дел Охрид беше рамноправен само во воведните пет – шест минути. Вардар во 41 минута имаше +4 (27:23), а во 45 +6 (31:25). До крајот на мечот домаќинот го зголеми водството, за конечни 38:30.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Дејан Шешиќ со 7 погодоци, Бојаниќ постигна 6, Цирар и Тасески по 4, Дрогришки 3, Рустамов и Каракоч по 2, Вјештица и Крсте Андоновски по 1. Најефикасен во редовите на Вардар и воопшто на мечот беше Филип Талевски со 11 гола.

 

ГРК Охрид сега се свртува кон средбите од плеј-офот, кои продолжуваат идниот викенд кога Охрид му гостува на Пролет во Скопје.

ГРК Охрид елиминиран од Вардар во 1/4 финалето од Купот на Македонија

Г.М.
Фото: Анамарија Момироска