Ново голманско засилување за гладијаторите. Новиот член во семејсвото на ракометниот клуб Охрид е Берин Бркиќ.

ГРК Охрид потпиша со младиот босански репрезентативен голман до 2026та година. Има 19 години (190 cm и 82 кг) и доаѓа од екипата на Борац Бања Лука. Дел од сите младински репрезентативни категории за БиХ, како и на поширокиот список за сениорската репрезентација, информираат од клубот.

Се радувам што доаѓам во ваков амбициозен клуб како што е Охрид! Доаѓам во една од најдобрите лиги во светот. Исто така се радувам што доаѓам во земјата каде што ракометот е спорт број еден. Го пратев Охрид претходната сезона и има стварно добар тим и некои од соиграчите ги познавам. Се надевам ќе славиме многу победи, изјави Берин.

Од клубот информираат и дека 5 (пет) ракометари нема да го носат сино-белиот дрес од следната сезона.

ГРК Охрид им се заблагодарува на: Александар Миленковиќ, Зураби Цинцадзе, Виктор Василевски, Балша Цејовиќ и Хазеин Рустамов и им посакува среќа во понатамошната ракометна кариера. Исто така во тренерските позиции на клубот во сите категории ќе следуваат одредени измени и ротации, додаваат од клубот.

OhridNews