ГРК Охрид денес гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 со што ги започнуваат натпреварите од плеј-офот во Супер лигата. Оптимизам за позитивен резултат и добра атмосфера владее во екипата.

Македонскиот репрезентативец Стефан Дрогришки кој во зимскиот преоден рок пристигна како ново засилување во Охрид вели дека ги очекува тежок натпревар, додавајќи дека противникот ќе биде мотивиран.

Екипата е составена од млади, потпомогнати од поискусни ракометари. Во преодниот рок Е. Пелистер 2 направи промени во составот и не знаеме со што располагаат во моментов. Ме радува нашата форма од подготвителниот дел и физичката подготвеност на екипата. Очекувам максимална борба од моите соиграчи и се надевам на позитивен исход од натпреварот, вели Дрогришки.

Натпреварот е со почеток во 18 часот во салата „Боро Чулески“ во Битола. ГРК Охрид на средбата ќе ја има поддршката од навивачката група Рибари која неодамна го прекина ракометниот бојкот и се врати на трибините.

OhridNews