ГРК Охрид во следното коло од Супер лигата гостува кај актуелниот шампион и двократен европски првак Вардар.

За двете екипи отворен натпревар пред паузата и период на генерални проби за плеј-оф пресметките на пролет, вели Наум Бабачев- Бабак.

Натпревари како овој со Вардар се можност и мотив за што подобро издание на нашиот тим. Без психолошко оптоварување патуваме за Скопје да одиграме со европскиот првак, додава Бабачев.

На табелата ГРК Охрид е трети со 21 бод, додека тимот на Вардар е прв со 33 бода. Натпреварот е закажан за денес со почеток во 18 часот.

OhridNews