ГРК Охрид денес во рамки на 11 коло од Супер лигата гостува во Битола кај вториот тим на Еурофарм Пелистер. Со квалитетна игра „Гладијаторите“ ќе атакуваат на нови бодови.
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 воопшто не е за потценување, составена од млади играчи желни за докажување. Одиме да одиграме добар натпревар и со квалитетна игра да стигнеме до нови три бода, вели среден бек во клубот, Горан Крстевски.
Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 19:30 часот.
OhridNews