Битката за Европа продолжува. „Гладијаторите“ со полна пареа работат на брусење на формата за двата натпревара од првенството кои ќе го дадат расплетот во Супер лигата.

Две кола не делат од разврската во Супер лигата. Претенденти за титула Е. Пелистер гостува во салата „Билјанини Извори“ на претендентот за пласман во Европа ГРК Охрид, велат од охридскиот клуб.

Ни претстои натпревар на кој може многу да добиеме, а речиси ништо да не изгубиме бидејќи, Е.Пелистер е апсолутен фаворит кој игра за освојување на шампионската титула, вели капитенот Крсте Андоновски.

Ако одиграме уште еден натпревар на кој одбраната повторно ќе биде на високо ниво сметам дека и ние имаме шанси да дојдеме до значајни бодови, додава Андоновски.

Натпреварот се игра со почеток во 20 часот, а билетите за натпреварот во продажба се на билетарата при спортската сала „Билјанини Извори“ и во чаршијата, кај Аждер.

OhridNews