ГРК Охрид денес го игра премиерниот меч пред своја публика во новото првенство против Бутел од Скопје. Противникот максимално го респектираме, но победата е наш императив порачуваат “Гладијаторите”.

На гости ни доаѓа екипата на Бутел која воопшто не е за потценување. Треба максимално да се влезе во мечот и со добра игра да стигнеме до нови бодови, вели средниот бек на ГРК Охрид, Горан Крстевски.

Натпреварот се игра со почеток во 20 часот во салата „Билјанини Извори“.

OhridNews