Во рамки на четвртото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на РК Алкалоид.
„Гладијаторите“ се надеваат на позитивен резултат и ветуваат дека ќе го дадат максимумот иако имаат неколку повредени играчи. Очекуваат поддршка и од охридската публика. Средбата, велат, ќе ја одлучи добра одбрана и што помал број на технички грешки.
Натпреварот се игра во салата „Билjанини извори“ со почеток во 18 часот.
OhridNews