Првото полувреме во кое „гладијаторите“ целосно потфрлија напаѓачки, го навести поразот во дерби средбата со Металург, што се одигра во салата „Билјанини извори“ во Охрид во рамки на 8то коло од Супер лигата 24:29.
За триесет минути нападот на ГРК Охрид прецизно стрелаше само 6 пати, наспроти 12-те гола на гостите од Скопје.
Вториот дел Охрид го доби минимално 18:17, но недоволно да се избегне поразот, кој го оддалечи Охрид од врвот на табелата.
Во следното коло кое на програмата е на 30 октомври, ГРК Охрид има тешко гостување во Скопје кај Пролет.
OhridNews
Фото: Скриншот Youtube