Единаесет ракометари и тренерот Радослав Стојановиќ го напуштаат клубот по истек на договорот информираат од ГРК Охрид.

Од следната сезона дресот на ГРК Охрид нема да го носат Мице Шилегов, Филип Николов, Мартин Ивановски, Филип Кривокапиќ, Славчо Шулески, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ, Николче Ристески, Филип Грубор, Јагош Брауновиќ и Даниел Ацев. Клубот исто така го напушта и тренерот на екипата Радослав Стојановиќ, додаваат од клубот.

Последниот натпревар од натпреварувачката сезона 2021/2022 и десетото коло во Супер лигата ГРК Охрид го одигра нерешено со тимот на Еурофарм Пелистер 2.

OhridNews