Бо рамки на 8 коло од Супер лигата, ракометарите на Охрид попладнево во салата „Билјанини извори“ се среќаваат со екипата на Пролет 62.

Натпреварот почнува во 17:30 часот.

По мечот со Пролет ГРК Охрид ќе отпатува за Романија каде во сабота ќе го одиграат реванш натпреварот од ЕХФ купот со Потаиса Турда која „гладијаторите“ во првиот натпревар одигран на домашен терен ја совладаа со 6 гола разлика.

Г.М.