Изборот на Лука Модриќ за најдобар фудбалер според престижниот весник „Франс фудбал“ ја разбранува фудбалска јавност. Репрезентативецот на „триколорите“, Ентони Гризман кој заврши на третата позиција после Модриќ и Кристијано Роналдо јавно го искажа разочарувањето.
- Освоив титула во Лигата на Европа, во Супер купот на Европа и на Мундијалот кој се одржа во Русија, и искрено незнам што треба да направам да бидам прогласен за најдобар фудбалер. Разочаран сум и одлучив да дојдам, затоа што ќе ја расипев ноќта на победниците. Му честитам на Лука Модриќ. – изјави Гризман.
Во знак на револт на гала церомонијата во Париз не се појавија Лионел Меси и Роналдо, кои, ги освојуваа последните десет „Златни топки“. Роналдо финишираше втор, а Меси за прв пат откако конкурира не заврши во ТОП 3 и се најде на петтата позиција.
Сестрата на Роналдо јавно ги искритикува оние кои го одбраа Модриќ. Хрватот годинава ги комплетираше трите највредни индивидуални признанија, откако беше избран за најдобар од страна на ФИФА и УЕФА.
OhridNews