Пред почетокот на Мундијалот, сензационално со видео прилог на социјалните мрежи Ентони Гризман откри дека останува во Атлетико Мадрид. Французинот, беше пред договор со Барселона, но поради Лионел Меси и неговата позиција во екипата го одби клубот од Ноу Камп.

  • Многу беше тешко да ја одбијам Барселона. Клубот ме посакуваше, преговараше со мене, но исто така беше тешко да заминам од Атлетико Мадрид, во кој се градат околу мене и моето име. Во Барселона знаев дека ќе бидам „помошник“ на Меси и дека никогаш дури е тој тука нема да бидам прва виолина, а во Атлетико е сосема спротивно. Јас од се срце и благодарам на Барселона за интересот и професионалноста, но моето срце одлучи да останам во Атлетико Мадрид. – изјави Гризман.

27-годишниот фудбалер првите чекори ги направи во клубот Макон, а во добар и квалитетен играч се промовираше во Реал Сосиедад. „Јорганџиите“ во 2014 година го ангажираа, откако од клубот заминаа дузина напаѓачи Фалкао, Диего Коста, Агуеро.

Репрезентативецот на „триколорите“ не е ваков прв случај. Нејмар исто поради големината на Меси во Барселона замина во Пари Сент Жермен во рекорден трансфер од 220 милиони евра.

OhridNews