Во сивилото на Барселона минатата сезона се вклопи и Ентони Гризман кој како големо засилување на Ноу Камп се пресели од Атлетико Мадрид. Францускиот репрезентативец не ги оправда очекувањата во првата година, но најави дека во втората ќе даде се од себе да се промени. Гризман најави подобрување во комуникацијата на теренот со Лионел Меси кој и покрај турболенциите остана во Барселона.
Мојата иднина е во Барселона. Среќен сум овде. Од сезонава почнуваме нов проект и сигурен сум дека ќе биде успешен. Со Меси ги имам истите проблеми како и со Килијан Мбапе. Кога ќе ја прифатам топката не го забележувам на теренот и треба да направам потег повеќе за проиграме. Со Мбапе кога се воигравме беше многу полесно, а со Меси се надевам дека брзо ќе ја пребродиме „различноста“ на теренот. – рече Гризман.
Каталонците направија тренерска рокада. На местото од Кике Сетиен дојде Роналд Куман кој веднаш наметна строги принципи. Куман го зголемил времетрањето на тренинзите и интензитетот, откако не бил задоволен од физичката подготвеност на играчите.
OhridNews