Атлетико Мадрид и Ентони Гризман ќе се се разделат, а шпекулациите поврзани со името на францускиот репрезентативец од ден на ден се зголемуваат. Во најновите написи во германските медиуми, тие откриваат дека Баерн Минхен сериозно ќе се замеша во борбата за потписот на Гризман.
„Баварците“ во Гризман првично гледаат нов голгетер кој ќе биде замена за Роберт Левандовски и лидер на новиот проект, кој треба да го започне германскиот гигант. Арјен Робен и Френк Рибери се пред пензија, а на „баварците“ им треба супер ѕвезда на која ќе се гради новата екипа.
Моментално, Гризман е најреална опција за Баерн Минхен, но со оглед дека интерес за услугите на францускиот репрезентативец покажува и Барселона, јасно станува збор дека Гризман ќе биде (нај)големата риба во летниот преоден рок.
Гризман во Атлетико Мадрид се пресели 2014 година од Реал Сосиедад, каде ги мина сите младински категории.
OhridNews