Барселона го промовираше Ентони Гризман за нов член на клубот. Каталонците го ангажираа францускиот репрезентативец плаќајќи ја клаузулата од 120 милиони евра која тој ја имаше во договорот со Атлетико Мадрид.

  • Не можам да дочекам да почнам да тренирам и да бидам секој ден заедно со Лионел Меси. Играњето со него во ист тим е неверојатно задоволство. Барселона е инзвондреден клуб и јас ќе направам се` да помогнам да остане така или да се подобри. – изјави Гризман на презентацијата.

Французинот е четврто засилување за Барселона ова лето. Каталонците претходно се засилија со Френк де Јонг од Ајакс, голманот Нето од Валенсија и бразилецот Емерсон од Атлетико Минеиро.

OhridNews