Калифорнискиот гувернер Арнолд Шварценегер добил нов чувар пред својата канцеларија, Бронзена статуа на мечката гризли. Статуата тешка 113 килограми е поставена во холот на зградата во Сакраменто каде се наоѓа канцеларијата на Шварценегер.
Неговиот претставник за медиумите изјавил дека Арнолд ја купил мечката во една галерија во Аспен, Колорадо. Поранешниот акционен јунак ја поставил мечката мислејќи дека на луѓето ќе им биде забавно да се сликаат пред неа.
Авторот на статуата Стивен Бенет не сакал да ја открие цената на своето дело. Арнолд ја купил статуата со сопствени пари. Гризлито е званична маскота на Калифорнија, иако овие животни ги нема таму уште од 1922 година.