Поразот од 3-0 на Ноу Камп од Барселона не е единствена грижа за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откако поради повреда до крајот на сезоната го изгуби фудбалерот за врска Наби Кеита.
Репрезентативецот на Гвинеја беше стaртер во првиот дуел од полуфиналето, но поради проблеми со препоните тој излезе од теренот во 20 минута. Кеита кој ја троши првата сезона во дресот на „црвените“ нема да пропушти многу натпревари, но се клучни, бидејќи Ливерпул се бори за титулата во Премиер лигата, а ги очекува ултра тешка задача во реваншот со Барселона.
Кеита во дебитанската сезона на Енфилд одигра 33 натпревари и постигна 3 погодоци. 24-годишниот фудбалер во Ливерпул се пресели од германскиот бундеслигаш Лајпциг каде играше две сезони.
OhridNews