Кинеските детективи биле многу збунети по бројните пријави за провали низ челични решетки. За време на истрагата откриле дека решетките се прегризани. Нашле и траги од заби. Истрагата конечно ги одвела до еден маж кој открил дека ја дели хотелската соба со цимер кој може да прегризе лушпа од орев со забите.

Го привеле цимерот на испитување. Ги признал делата и гордо изјавил дека никогаш не користел алат и дека затоа никогаш не го запреле на улица. Во изминативе две години извршил голем број на кражби и само еднаш не успеал да ја прегризе решетката.