Фудбалерите на Манчестер Јунајтед забележаа нова победа во подготвителните натпревари, откако во Сингапур со минимални 1-0 (0-0) го совладаа италијански Интер.
„Црвените ѓаволи“ имаа повеќе од играта и креираа неколку изгледни прилики во првиот дел, но немаа одговор за расположениот Самир Хандановиќ на голот од Интер.
Во второто полувреме, англичаните, продолжија со интензивните напади, а плодот стигна во 76-та минута кога Мејсон Гринвуд прво добро се ослободи од противничкиот играч и биеше во спротивниот агол од словенскиот голман.
Интер кој играше со нешто послаб состав за разлика од „црвените ѓаволи“ до крајот не се закана и резултатот остана не променат.
За избраниците на Оле гуна Солскјер ова беше трет триумф во подготвителниот период после победите над Перт и Лидс.
OhridNews