Илиевски поради семејни причини го раскина договорот со русите и не би имал ништо против да се најде во редовите на МЗТ Скопје, со што би бил поблиску до фамилијата.
Стратегот на МЗТ, Тодоров на подготовките во Охрид потврди дека биле водени разговори со Илиевски, но дека понудата која ја добил од Локомотив, била сериозна и не можел да ја одбие. Сега по раскинот на љубовта, вратите за Илиевски во Јане Сандански се отворени.
МЗТ Скопје, ќе биде првиот македонски тим кој ќе настапува во АБА, Јадранската лига. Првиот меч на “Јадранот“ штрковите ќе го играа против Цибона во Загреб, додека огненото крштевање на домашен терен ќе го имаат на 2 октомври против Широки Брег.