Калифорнискиот рок состав „Грин Деј“ ги откажал сите клубски настапи до крајот на 2012 и го одложил почетокот на турнејата во 2013. Басистот Мајк Дирнт рекол дека бендот ги откажал сите свои настапи до 8 февруари следната година како на пејачот Били Џо Армстронг, кој се наоѓа на рехабилитација, би му било овозможено да закрепне.
Дирнт истакнал дека најважно им е здравјето на Армстронг. Како што пренеле медиумите, музичарот одлуката да подлегне на стручно лекување ја донел минатиот септември по настапот на музички фестивал во Лас Вегас, кога пред излегувањето на сцената ја навредил публиката и ја искршил гитарата. Новиот албум на групата, „Тре“, во продажба ќе се појави на 11 декември.