Холанѓанките во Охрид допатуваа како аутсјадери и шампионатот го започнаа со два порази од Романија односно Словачка. Избраничките на Грифин не ја повторија грешката од првите натпревари, па така во полуфиналето ја елимираа Словачка , а во финалето ја победија Романија.


Натпреварот со Македонија беше пресврт за нас на турнирот, со таа победа сеж тргна на добро. Го победивме домаќинот, потоа стигнавме до лесна победа над Израел со што се врати самодовербата кај девојките. Ова е најдобриот тим кој сум го тренирал. Среќен сум што се враќаме во А дивизијата каде ќе може да ги одмериме силите со далеку пореномираните репрезентации од нашато во кошарката. Ќе направиме програма по кој се надевам ќе успеме да опстанеме во најслината кошаркарска дивизија– изјави селекторот на Холандија по завршувањето на мечот.

фото : Емилио