Под овој наслов весникот „Франфуртер алгемајне цајтунг“ донесува подолг текст во кој од историски агол се анализира грчко-македонскиот спор околу името, пренесува Дојче веле – редакција на македонски јазик.

„Грчката надвореша политика во моментов главно се обидува да го поправи нарушениот имиџ на државата. Но покрај ова вниманието на атинската дипломатија и натаму е насочено кон главниот надворешно-политички непријател, кон соседот со два милиони жители, Македонија, чие членство во ЕУ и НАТО Атина го попречува со сите средства. Дури кога Македонија ќе си избере ново име, ќе биде подигнато грчкото вето. Оти Македонија била, е и ќе биде секогаш само грчка,“, пишува Михаел Мартенс во „Франкфуртер ајлемајне цејнтунг“ и подвлекува дека деновиве повторно дојде до заострување на дипломатскиот речник, поради барањето да се почитуваат правата на македонското малцинство во Грција од страна на владата во Скопје, за време на посетата на генералниот секратар на ОН Бан Ки Мун на балканската држава. На ова Грција реагираше со барање Скопје да престане да води пропаганда, објаснува весникот:

„Причината за раздразливоста на атинската дипломатија при споменувањето на македонско малцинство треба да се бара во минатото: Во Грција во 1949 година се случи етничко прогонување, кое до денес не е вистински разработено (…) Пред речиси точно еден век, во Првата балканска војна Грција окупираше голем дел од историскиот регион Македонија од Отоманското царство. Другиот дел, т.н. Вардарска Македонија и‘ припадна конечно на Југославија и едно мало делче (’Пиринска Македонија’) на Бугарија. Грците во големи делови од новоокупираната територија беа малцинство. Особено севернозападната гранична област кон Југославија беше населена од словенски селани. Мнозинството од нив, сеќавајќи се на нивното угнетувањето во Грција, во грчката граѓанска војна застанаа на страната на комунистите, што скапо го платија. Десетици илјади мораа да избегаат, и не смееја, поинаку од ’чисто грчките’ бегалци никогаш да се вратат. Уште за време на граѓанската војна политичарите и весниците од граѓанскиот табор се изјаснија за тоа ’Славофоните’ да се прогонат од Грција.“ пишува „ФАЦ“.

„Во тогашната дискусија честопати се појавуваа споредби со судетските Германци“ се вели во „ФАЦ“ понатаму. „Во весникот ’То вима’, кој до денес има голем тираж, во февруари 1947. година пишуваше: ’Славомакедонците мораат да ја напуштат Грција, оти тие се непријатели на грчката држава. Тие се судетите на Грција и со сите средства работат на поткпопување на националните основи на оваа земја’. Против словенските Македонци, кои останаа во Грција, грчката држава по војната ја продолжи кампањата за принудно еленизирање, која беше започната уште во предвоеното време“, наведува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
„По изборната победа на Андреас Папандреу и неговиот социјалистички Пасок во 1981 година во Грција дојде до свртување кон лево, но тоа речиси и да не ја добре позицијата на ’Славофоните’ во грчкиот дел на Македонија и во емиграцијата. Додуша ’антисловенската кампања’ беше значително намалена уште во 1974 година по турската окупација на Кипар и беше заменета со непријателската слика за Турција.

Словенските Македонци меѓутоа беа изрично изземени од генералната амнестија на владата на Папандреу, која им овозможи враќање на сите лево ориенирани бегалци од граѓанската војна. Соодветниот закон до денес е во сила. Сите грчки парламентарни партии, исто и комунистите, на чија страна се бореа словенските Македонци на Грција, стојат зад него. Поранешниот премиер Константинос Мицотакис, чија ќерка Дора Бакојани како министерка за надворешни работи исто така негираше постоење на македонско малцинство во Грција, во 1995. година во срж ја погоди оваа политика, со зебелшката дека ’спорот за името’ никогаш не го интересирал. Нему, постојано му било важно, да не се создадел нов малцински проблем во Западна Mакедонија, велеше Мицотакис, кој за негова главна цел назначи ’оваа Република (Македонија) јавно да признае, дека нема славомакедонско малцинство во Грција’. Оти без сомнение било ’дека едно такво млацинство не постоело во нашата земја по 1950 година. Граѓаните со словенска самосвест, кои се бореа на страната на комунистите, ја напуштија Грција со крајот на граѓанската војна. Тие си отидоа. И сите грчки партии (вклучително и православната комунистичка партија) се веќе долги години единствени, дека тие никогаш не смеат да се вратат“, смета Мицотакис.

OhridNews
извор: „Дојче Веле“