Во претходната Конечна листа за распределба на социјалните станови во градот Охрид, во категоријата на Инвалидни лица или лица на кои им е потребна помош, при формирање на Конечната листа е направена техничка грешка во однос на внесување на апликантите во листата, информираат од Министерството за транспорт и врски.
 
Комисијата за распределба на социјални станови, при извршувањето на увид на лице место на местото на живеење на лицата од Прелиминарната листа со Записник потврдува дека лицата: Зоран Богоевски, Џеват Селим и Светлана Трајановска се одбиени, а на нивно место влегуваат лицата: Драгица Божиноска, Неим Сејфулаи и Ариф Мехмеди, за кои исто така е извршен увид на лице место на местото на живеење потврдено со Записник.

Ohridnews