Членот на „златната генерација“ на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер ќе биде новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, откако клубот остана без предводник после отказот за Жозе Мурињо.
Клубот од Олд Трафорд со грешка на веб сајтот го промовираше новиот тренер, кој првично договор ќе добие до крајот на сезоната. Иднината на Норвежанецот ќе зависи од резултатите.
Солскјаер ужива голема доверба кај навивачите, бидејќи 11 сезони повеќе од успешно го носеше дресот на Манчестер Јунајтед. Сепак, човекот со „бебешко лице“ ќе има поголема задача и обврска од сите голови кои даваше за победи на Јунајтед.
45-годишниот Норвежанецот деби на клупата ќе има в сабота против тимот на Кардиф. Мал дел од менаџерската кариера Солскјаер помина токму во Кардиф, а последниве три сезони работеше во тимот на Молде.
OhridNews