Во островската држава на Карибското Море, Гренада, неодамна стапи на сила закон за „недолично изложување на делови од телото“, со кој се забранува носење костими за капење надвор од плажите, како и куси панталони кои ја откриваат интимната облека.
Полицискиот комесар Џемс Кларксон рекол дека прекршителите на законот најчесто добиваат само опомена за да се облечат, а самиот закон предвидува и парична казна од 270 долари или 6 месеци затвор.
Кларксон наведува дека екипажот на бродовите за крстарење обично ги известува патниците за забраната за носење костими за капење надвор од плажите, но со негови зборови, од време на време се наоѓа по некој кој си ја предизвикува судбината.