Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, изби на второто место во НБА по остварени победи во регуларниот дел од сезоната.
Спарс предводени од Попович ноќеска извојуваа победа на гости против Оклахома со 114:106 што беше 1.333-та за Поповиќ.
Седумтесет и тригодишниот кошаркарски стручњак го помина Лени Вилкенс (1332).
Во моментов, Дон Нелсон е лидер по победи меѓу тренерите на НБА (1335). Попович започна да работи како главен тренер на Сан Антонио во 1996 година.
OhridNews