Без голови 0-0 завршија првите 45 минути од квалификацискиот натпревар меѓу Хрватска и Македонија на стадионот “Максимир“ во Загреб.

“Црвено-жолтите“ може да жалат што на одмор не заминуваат со позитива од барем еден гол. Домаќините најголемата закана ја имаа во првата минута кога Едуардо со глава го погоди македоснкиот дирек.

Потоа избраниците на Јаневски се “разлетаа“ по теренот и само среќата ги спаси хрватите. Судијата не сакаше да види прекршок за најстрога казна над Пандев по стартот на Плетикоса. По половина час игра Шиков биеше со глава, а од гол линијата расчисти Срна, додека се уште се тресе гредата на Максимир, по ударот на Пандев во финишот на првиот дел.

Македонија конкретна, добро организирана и силно мотивирана против моментално деветатта светска велесила и тоа во нивниот двор.

М.П.