Грчкиот министер за јавен ред, Такис Теодорикакос изјави дека за помалку од еден месец грчките власти спречиле околу 25.000 мигранти илегално да влезат во државата.
Само во текот на август досега 25.000 илегални мигранти се обиделе да влезат преку грчко-турската граница. Тоа е многу голем број, рече Теодорикакос.
Тој ја обвини Турција дека ги насочува барателите на азил кон Грција и додаде дека притисокот врз копнените и поморските граници со Турција „прераснува во посебна закана за интегритетот и безбедноста на Грција“.
Очигледно е дека турската страна систематски, методично и сложено ги користи овие несреќни луѓе, рече Теодорикакос.
OhridNews