Македонската фудбалска репрезентација новото издание на Лигата на Нации ќе го започне во Ц кругот и од вториот шешир во ждрепката за изгледот на групите.

„Црвено жолтите“, во првото издание на Лигата на Нации, победија во една од групите во Д кругот и покрај искачувањето ранг погоре обезбедија пласман во бараж натпреварите за учество на Европското првенство оваа година.

Македонија во вториот шешир во Ц кругот се најде со ривалот од баражот Косово, Белорусија и Кипар. Потенцијални ривали од првиот шешир ни се соседните земји Грција и Албанија, како Црна Гора и Грузија.

Ждрепката за Лигата на Нации е закажана на 3 март во холандскиот град Амстердам. Првата рунда, според планот на УЕФА треба да се одигра од 3 до 5 септември.

Шешир 1: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија

Шешир 2: Македонија, Косово, Белорусија, Кипар

Шешир 3. Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург

Шешир 4: Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија.

OhridNews