Откако од полноќ за туристите беше отворен граничниот премин на Македонско – грчката граница, Република Грција подоцна денеска повторно го затвори преминот „Евзони“.

Неофицијално овој премин ќе биде затворен до 15 јули. Најверојатно причина за тоа е актуелната состојба со Ковид 19 во земјите од регионот.

Од утрово на преминот „Богородица“ – „Евзони“ има голем број туристи, во најголем дел од соседна Србија, кои се жалат дека не можат да го продолжат патувањето од нашата земја кон грчките летувалишта.

OhridNews