Грција од утре, од 6 часот по тамошно време, 5 овдешно, ги затвора границите за државјаните на Србија, јавуваат српските медиуми. Причина е зголемениот број случаи на коронавирус кај северниот сосед, каде изминативе денови бројот на заразени драматично расте.

Како што пренесуваат српските медиуми, туристите од Србија кои моментално се наоѓаат во Грција можат да ја напуштат земјата непречено по завршување на одморот или доколку го прекинат.

Министерството за надворешни работи на Србија ја потврди информацијата за затворање на границите на Грција за српските туристи.

OhridNews