Новата рунда разговори за името помеѓу Македонија и Грција ќе се одржи наредната недела во Охрид, неофицијално дознаваме од извори блиски до владата.

Според најавите преговарачките тимови на двете земји се очекува да ги предводат министрите за надворешни работи, Антонио Милошоски и Дора Бакојани. И додека македонскиот министер официјално го најави своето присуство, засега нема официјална потврда од грчкото МНР дали Бакојани ќе присуствува на средбата.

Во преговорите ќе посредува специјалниот претствник на ОН, Метју Нимиц, кој минатата година во јануари престојуваше кратко во Охрид.

ohridnews