Јаневски бил забележан во Атина, но тој имал приватна работа, а одвоил и време да го проследи натпреварот помеѓу Олимпијакос – Јанина. Грчките медиуми веднаш го седнаа Јаневски на жешката клупа на “црвено белиот“ состав.
Од фудбалската федерација на Македонија кога исплива ваква информација веднаш преку потпаролот Златко Андоновски ја демантираа – Селекторот беше во приватна посета на Атина, а таму има многу пријатели од времето кога Јаневски беше во стручниот штаб. Грчките медиуми го злоупотребија неговото присуство – посочи потпаралот на ФФМ.