Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, денес, на својот блог и Твитер налог објави дека поднел оставка на функцијата, пишува Гардијан. Варуфакис на својот налог на Твитер ја објави оставката, а причините поради кои си заминува од функцијата ги образложил на својот блог.
„Не постои ништо што би укажувало на тоа дека пораката не е автентична“, пишува британскиот весник.
Варувакис поднел оставка „за да му ги олесни преговорите со странските кредитори на премиерот Алексис Ципрас“.
OhridNews
извор Макфакс