Непознати сторители синоќа испишале пароли Македонија, но и погрдни пораки на три грчки автобуси кои превезувале туристи во Охрид.  Пораките се испишани со спрејови,  а покрај каросеријата настрадале и стаклата на автобусите.


Грчките туристи кои во Охрид допатуваа да го прослават празникот Прочка беа видно вознемирени од инцидентот. Дел од нив на лош македонски кажаа дека ваквите настани не се добри и дека нема по убаво да го паметат Охрид.



Охридската полиција, како што не информираше  портпаролот Стефан Димоски, синоќа излегла на местото на настанот и го евидентирала инцидентот со грчките автобуси.


Настанот го осудија граѓаните на Охрид, според кои ваквите инциденти не придонесуваат кон надминување на политичките проблеми со јужниот сосед. Тие сметат дека ваквите испади негативно ќе влијаат на севкупниот имиџ на Охрид, и особено на враќањето на грчките гости кои по Самитот на НАТО во Букурешт ретко се забележуваат на ривиерата.

Ohridnews