Проблемите меѓу двете земји ги прават политичарите, сметаат грчките туристи, кои деновиве во Охрид ги минуваат Божиќните и новогодишните празници.

Нема разлика меѓу нашиот и овдешниот народ. Проблемот со  името не го прави народот  туку политичарите  од едната и другата страна, вели еден грчки турист со кого поразговаравме во х. Милениум. Тој дури е оптимист дека Македонија за 5 години би можела да влезе во ЕУ.


проблемите ги прават политичарите сметаат туристите од Грција

Друг грчки турист пак ни рече: Си остануваме и понатаму пријатели како што си бевме, а проблемите ги прават некои од горе. Во 21 век кога сите граници во Европа и во светот се бришат, се надевам дека ќе бидат избришани и бариерите меѓу луѓето, додава нашиот соговорник.

За Божиќните празници во Охрид престојуваа околу 2000 грчки туристи. Тие имаа прилика да се запознаат со богатото културно историско наследство на Македонија, но исто така и да поразговараат со своите домаќини. Нереално е да се каже меѓу двете земји нема проблем, но што повеќе двата народи се мешаат и разговараат меѓу себе, толку полесно ќе им биде на политичарите да ја признаат македонската реалност.

Мики Трајковски
Горан Момироски
фото: Васко Бујароски