На 15-ти октомври на Граничниот премин  „Богородица“  од страна на скопјанецот С.И. е пријавено ново оштетување на возило во соседна Грција. Овојпат, станува збор за оштетување на ТМВ марка „ЕRF EC 11“ со полуприколка  во Солун.

Имено, додека С.И. службено бил во солунското пристаниште со товарното моторно возило, во текот на извршувањето на царинските формалности од страна на цариник при грчката царина со син спреј испрскана била задната регистарска табличка на полуприколката пришто целосно била покриена ознаката „МК“.

Настанот не е пријавен во грчката полиција. Инаку во текот на годинава на ГП „Богородица“ досега се евидентирани 14 случаи на оштетување на возила или регистарски таблички сопственост на наши државјани кои биле во соседна Грција.

 

OhridNews