Грчки рибар се надевал на добар улов кога ја вадел тешката мрежа од Егејското Море минатата недела, но наместо риба уловил антички коњаник.
Се работи за статуа на коњаник стара околу 2200 години-објави грчкото министерство за култура. До случајното откритие дошло во водите помеѓу островот Кос и Калиманос.
Рибарот уловот веднаш го предал на експертите кои го започнале процесот на чистење.