Вториот контингент подмладок на јагула од затворено одгледувалиште во Грција, денеска пристигна во мрестилиштето „Шум“ во Струга. По едномесечен карантин околу 25 000 млади јагули ќе бидат пуштени во Охридското Езеро.


-Со помош на ЕЛЕМ се набавени околу 750 килограми подмладок на јагула која за време на карантинот во мрестилиштето „Шум“ ќе биде здравствено испитана, по што ќе се изврши порибувањето на Охридското Езеро на повеќе локации, ни изјави Боне Палашоски – директор на институтот за сточарство.


Со изградба на
хидроцентралите „Глобочица и „Шпилје“ на реката Црн Дрим во 1970
година, прекинат е природниот пат на јагулата која се мрести во
Сарагасовото море. Оттогаш наваму Охридското Езеро вештачки се порибува
со јагула, а подмладокот го обезбедува 
ЕЛЕМ.
Охридското Езеро е единствено отворено езеро во светот кое вештачки се порибува со јагула.

Ohridnews