Воен авион од типот Фантом – F16, се урна при полетување од воена база во Албасете, Шпанија, при што животот го загубија десет лица, соопшти шпанското министерство за одбрана. Во несреќата има голем број ранети.

Според првичните информации, грчкиот воен авион, кој учествувал на заедничка вежба на НАТО, изгубил сила при полетувањето и се урнал во други авиони на пистата. Загинале двајцата пилоти и уште осуммина француски државјани.

Ова е втора ваква несреќа за кус период во воена база во Шпанија. Минатата година  ловец – бомбардер експлодира по полетувањето при што животот го загуби пилотот.

OhridNews