Грчката владата вчера соопшти дека ќе ја укине државната телевизија и радио поради штедење, што значи дека без работа ќе останат 2.500 работници.

Причина за затворањето, според власта, е потребата во време на голема финансиска криза којашто во Грција не попушта веќе шеста година, да се намали трошењето на парите.

Илјадници демонстранти цела ноќ ја минаа пред централата на ЕРТ северно од Атина, давајќи им поддршка на новинарите кои продолжија да емитуваат програма преку интернет.

 Синдикатот на новинарите повика на 24-часовен штрајк во текот на којшто би се запрело емитувањето на вести и на приватните телевизиски станици, додека коалиционите партнери во владата кои припаѓаат на левиот центар, бараат одлуката за гаснење на телевизијата да биде укината.

OhridNews
Makfaks