Граѓанска наука започнува со работилници и теренски активности од месец февруари, наредната 2024 година, информираат од ЈУНП Галичица, по денешниот состанок остварен заедно со проект координаторот Даниел Богнер.

Очекуваме зголемен број на волонтери, повеќе работа на терен и зголемување на постоечката база на податоци. Ги охрабруваме сите заинтересирани волонтери да се приклучат кон Граѓанска наука во Национален парк Галичица, потенцираат.

Изминатиот период преку Граѓанска наука биле евидентираме седум од зададени 13 Натура 2000 видови, вклучени 50 волонтери, изработен Прирачник за зададените 13 Натура 2000 видови, реализирани 7 работилници, а волонтерите беа обучени за користење на мобилни апликации.

Граѓанска наука почна да се реализира минатата година во ноември во рамки на проектот Натура 2000 кој се спроведува од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање.

OhridNews